За денеска се одложени сите активности во Собранието, кусо ќе се одржи Националниот совет за интеграции
Поради страшната трагедија која ноќва се случи во Бугарија, за денеска се одложени сите активности во Собранието, информираат од кабинетот на спикерот Талат Џафери.
„Освен Националниот совет за евроинеграции, кој ќе се одржи, бидејќи се веќе дојдени амбасадорите, нема да има други настани. И на Националниот совет за евроинтеграции дискудиите ќе бидат многу редуцирани и целата комисија ќе трае формално кратко“, велат од Собранието.
Оттаму упатуваат сучувство до семејствата на настраданите.
Слично
