Економија, финансии, бизнис

Контакт

За децата со посебни потреби и денес се собираат потписи

За децата со посебни потреби и денес се собираат потписи

Продолжува акцијата за собирање потписи за иницијатива до Собранието за измена на закони и подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби, па така сите граѓани кои сакаат да ја покажат својата солидарност ќе може тоа да го направат денес до 16 часот на плоштадот Македонија во Скопје..

Досега се собрани околу 2.000 потписи, но потребни се 10.000 за граѓанската иницијатива за законски измени да биде разгледана од пратениците во Собранието според Уставот.

Родителите со своите деца, три дена симболично кампуваа во паркот Жена Борец. а бараат измени на закони и подзаконски акти, со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.


Слично

Поврзани вести