Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДА СМЕСТИ ЧОВЕК НА ГЕРИЈАТРИЈА, ЗЕЛ ПОТКУП ОД 20.000 ЕВРА: Приведени се две лица

ЗА ДА СМЕСТИ ЧОВЕК НА ГЕРИЈАТРИЈА, ЗЕЛ ПОТКУП ОД 20.000 ЕВРА: Приведени се две лица

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија доктор Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент.

Сумата која ја зел не е потврдена, но според пишувањата на медиумите, станува збор за 20 илјади евра. 

Општо е познато дека во оваа здравствена установа многу е тешко да се смести повозрасен човек бидејќи листите на чекање се големи, а бројот на кревети е ограничен. 

Од обвинителството кратко одговорија дека уапсени се две лица под сомнение за примање поткуп и награда.

„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот, велат од Обвинителството.



Слично

Поврзани вести