Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА ДА СМЕНИ СИЈАЛИЦА ЗЕМА 120.000 ЕВРА ПЛАТА ГОДИШНО“: Работи неколку пати годишно, еве во што е штосот

„ЗА ДА СМЕНИ СИЈАЛИЦА ЗЕМА 120.000 ЕВРА ПЛАТА ГОДИШНО“: Работи неколку пати годишно, еве во што е штосот

Размислувате за промена на професијата? Повисоки примања? Тогаш можеби ќе ве интересира следната приказна.

Веднаш да истакнеме дека работите неколку дена во годината, а заработката е неверојатна, околу 120.000 евра. Сè што треба да направите е да ја замените сијалицата, но има финта.

Најважно е да не се плашите од височините, бидејќи „канцеларијата“ е на 600 метри! Поточно, се работи за сигнална кула, со исклучително тенка конструкција, на која треба да се искачите.

Дали сте уште заинтересирани? Приказната е позната со години, но корисниците на социјалните мрежи се уште се шокирани кога дознаваат дека таква „професија“ постои.

Дополнително, има хроничен недостиг на кадри, што е донекаде и разбирливо кога ќе ги земеме предвид сите околности.

„Овој тип на сигнална кула нема системи за заштита или транспорт, така што планинарите се потпираат на јажето и на сопствената вештина“, се вели во видеото на TikTok.

Што е потребно за ваква работа? Не смеете да се плашите од височини и мора да бидете исклучително физички подготвени, бидејќи се потребни три часа за да се искачите на кулата и уште шест часа за да се спуштите, пренесува LadBible.

Да не ги заборавиме налетите на ветрот кои достигнуваат брзина од 100 km/h.

За крај, имајте предвид дека платата варира во зависност од локацијата, висината на кулата и другите специфики.

@science8888 #usa #science #tiktok ♬ Aesthetic - Tollan Kim

Слично

Поврзани вести