Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да се спаси од долгови тетовец лажел дека е грабнат

За да се спаси од долгови тетовец лажел дека е грабнат

Mаж од тетовското село Жеровјане исценирал случај на грабнување поради долгови. 

СВР Тетово целосно го расчисти случајот со пријавеното грабнување на А.А.(52) од  Жеровјане. Мажот е пронајден во Гостивар, а потоа повикан и во тетовската полиција.

Утврдено е дека тој целосно го измислил случајот со грабнувањето поради тоа што бил соочен со финансиски проблеми. 

Исчезнувањето на А.А. е пријавено во Полициска станица Жеровјане на осми  месецов во 15 часот. Потоа на телефонот на зетот на А.А., Н.Б. (33) од тетовското село Боговиње му пристигнале смс пораки дека исчезнатиот со неговото возило бил задржан од непознати лица и дека  ќе биде пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари. Н.Б. вчера околу 18 часот во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.

Слично

Поврзани вести