Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДА СЕ СЛИКАТЕ НА АКРОПОЛ, ПРВО ТРЕБА ДА ДОБИЕТЕ ТЕРМИН ЗА ПОСЕТА - Грција воведува мерки за да се намалат гужвите

ЗА ДА СЕ СЛИКАТЕ НА АКРОПОЛ, ПРВО ТРЕБА ДА ДОБИЕТЕ ТЕРМИН ЗА ПОСЕТА - Грција воведува мерки за да се намалат гужвите

Посетите на Акропол во Атина, кој е најпопуларниот археолошки локалитет во Грција, од следниот месец ќе бидат ограничени на максимум 20.000 посетители дневно поради преголема гужва, најави грчката министерка за култура Лина Мендони.

Планирано е да има и различни ограничувања на секој час. Локалитетот ќе биде отворен 12 часа, а посетителите ќе добиваат точен термин за посета. Новиот начин на посета на овој историски локалитет пробно ќе почне да се применува од утре.

Мендони изјави дека е неопходно да се воведат регулативи за да се спречи создавање тесни грла и пренатрупаност на Акропол.

Грција планира ваков начин на посета да воведе и на другите локалитети во Атина од април следната година.

Според грчката статистика, минатата година Акропол го посетител повеќе од 3 милиони луѓе.

Слично

Поврзани вести