За да не патуваат пратениците од внатрешноста ќе живеат во службени станови или под кирија
Службени станови или кирии ќе бидат решение за патните трошоци. Ова како можна варијанта на замена на патните трошоци денеска го истакна спикерот Талат Џафери на брифингот со новинарите .
Џафери рече дека го добил извештајот за патните трошоци од институтот и ќе ги разгледа.
„Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии“, посочи Џафери.
Тој меѓудругото посочи дека во 2018 година на Македонија не и требаат нови избори и дека кризата завршила пред шест месеци.
„Очекувањата се дека треба да се надминат сите превирања внатре во политичките партии и првите работни денови во новата година, од 9-ти јануари па натаму, Собранието да биде во полн состав, со учество на опозицијата и сите политички партии, имајќи ги предвид и нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни. И особено за реформските закони, во контекст на очекувањата од Извештајот на ЕК и напредокот на Република Македонија - изјави претседателот на Собранието. Џафери исто така кажа дека Собранието ќе набавува нови возила а пари имало со новиот буџет и дека досега се користат возилата заеднички со Владата.
