За да не го повреди детето, жена во Табановце го повредила со нож својот сопруг
Во кумановското село Табановце, синоќа по 22 часот, жена го избодела мажот кој се обидел да го повреди нивното дете.
23 годишната жена со остар предмет му нанела убодни рани на сопругот, во обид да го одвлече од намерата да го повреди нивното дете.
„На 14.12.2021 во 22.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете“, соопшти полицијата.
При прегледот на повредениот во Општа болница Куманово, се констатирани тешки телесни повреди. СВР Куманово работи на расчистување на настанот.
Слично
