Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да извелече пари од родителите, битолчанец исценирал киднапирање

За да извелече пари од родителите, битолчанец исценирал киднапирање

Битолчанецот М.К. на возраст од 29 години, исценирал дека е киднапиран за да изнуди пари од своите родители. 

На скопската улица Шуто Оризари, синоќа е уапсен битолчанецот под сомнение дека е вмешан во фингирано извршување кривични дела, грабнување и изнуда.

На 14 декември таткото пријавил во полиција дека неговиот син е киднапиран и дека грабнувачите бараат пари за ослободување.

Полицијата веднаш презела мерки и го расчистила случајот, при што утврдила дека се работи за исцениран настан, во кој, покрај битолчанецот, се вмешани уште неколку луѓе. 

Битолчанецот и претходно е пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон повеќе лица.

Тој е уапсен додека влегувал во автомобилот „алфа ромео“, сопственост на татко му, за кое рекол дека со него е грабнат, а кај себе ги имал и дел од означените пари што биле предвидени за негов наводен откуп.

Полицијата ќе поднесе соодветна пријава до Основното јавно обвинителство во Битола.

Слично

Поврзани вести