Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да биде министер и Насер Нуредини се откажа од пратеничкиот мандат, останува уште Шахпаска

За да биде министер и Насер Нуредини се откажа од пратеничкиот мандат, останува уште Шахпаска

Собранието ја констатираше оставката на Насер Нуредини од ДУИ, што се случи синоќа по полноќ. 

Се очекува само уште да се констатира оставката на Јагода Шахпаска од СДСМ. Со тоа ќе биде комплетирана листата на пратеници кои се откажаа од пратеничкиот мандат за да бидат дел од новата влада.

Констатирани се оставките на Зоран Заев, Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Мила Царовска и Никола Димитров. Наместо нив, беа верификувани мандатите на новите пратеници – Драгица Ѓавочанова, Зекир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска-Ванчева и Мирослав Богдановски.

Седниците се одржуваат без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Слично

Поврзани вести