ЗА ЦИПРАС САМО ЦРВЕН ТЕПИХ: Ќе ја налутевме ли Грција со химната и гардата?
Без официјално интонирање на химните на двете држави и без гардата беше пречекан преседателот на грчката влада Алексис Ципрас во Скопје.
Образложението е дека тоа се случило затоа што авионот со кој слета грчката висока делегација задоцни петнаесетина минути.
Сепак гардата не беше поставена ниту на аердромот, ниту пред платото на Владата, како што предвидува протокoколт за пречек на висока делегација туку се вееја само знамињата на двете земји.

Така беше и при посетата на германската канцеларка Ангела Меркел или пак британската премиерка Тереза Меј на пример, кои исто така доаѓаа во Скопје.

На аеродромот во Скопје, Ципрас го дочека вицепремиерката Радмила Шеќеринска, додека пред Владата по скалите до возилото на Ципрас се симна премиерот Зоран Заев. Веднаш по ракувањето тој го насочи Ципрас кон фоторепортерите и снимателите и заедно направија селфи со телефонот на Заев. Поздравувањето со македонските министри и со бизнисмените од Грција следуваше потоа.
