Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“

ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“

Професорката Ана Чупеска, вели дека јавноста е фокусирана на ѓубрето и акцијата која ја прави Ѓорѓиевски, наместо на посериозни теми.
„Во една целосно контаминирана јавност опседната со толку баналната ѓубретарска акција, што може да се очекува?

Ништо, се разбира!

Но, да беа околностите поволни за еманципација, во фокусот на јавноста требаше да биде:

1. Растечката инфлација - и консеквентното осиромашување на граѓаните (не знам кое по ред).

2. Барањата за покачување на платите на работниците (исто така не знам по кој пат по ред).

И, ова би бил еден базичен минимум!“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести