За бугарскиот аналитичар Крастев враќањето на ВМРО-ДПМНЕ е лоша вест
Правдата е многу болно прашање и Заев мораше да го реши во времето што го имаше на премиерската функција, вели Николај Крастев, новинар и меѓународен аналитичар, во емисија на бугарската подружница на телевизијата Блумберг.
Вели дека има замор од Заев и дека тој не ги направил потребните реформи.
Тој потсетува и дека пред околу две години имало скандали околу затворањето на Специјалното јавно обвинителство. Но смета дека овие скандали се иницирани однадвор, со што им биле врзани рацете на луѓето од власта.
Крастев смета дека доаѓањето на Заев на власт во Македонија отворило прозорец од можности за Бугарија и шанса да се отворат повеќе прашања, но сега со неговата оставка тој прозорец се затвора и тоа е лоша вест за Бугарија и за регионот.
Смета дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот од Преспа е индикативен и за односите со Бугарија и вели дека не треба да се заборави дека ВМРО-ДПМНЕ порача дека Северна Македонија треба да ги прекине односите со Бугарија.
