Економија, финансии, бизнис

Контакт

За бугарски пасош се плаќало и во биткоини?

За бугарски пасош се плаќало и во биткоини?

За добивање на бугарски пасоши поткуп се плаќал и во биткоини.

Обвинителството во Бугарија информираше дека при претресите, покрај пронајдените пари имало и биткоини.

„Вклучително во собраните докази има пронајдено и адреси на биткион паричници и има докази дека дел од паричните средства од поткупите биле трансферирани во виртуелни валути“, вели обвинителот Ангел К’нев.

Во притвор остануваат тројца од четворицата обвинети. Директорот на Државната агенција за Бугарите во странство Петар Харалампиев, генералниот секретар Красимир Томов и Марко Стојов. Четвртата обвинета, поради влошената здравствена состојба, е пуштена да се брани од слобода со парична гаранција.

Истрагата е започната во јули лани, откако Харалампиев стапил на функцијата. Обвинителството ги сомничи  Харалампиев и секретарот Томов дека ја организирале групата за да издава неосновани потврди за бугарско потекло на странци, за добивање бугарски пасош. За таа услуга наплаќале од 5.000 до 8.000 евра.

Оваа афера е откриена пред четири дена. За една година 10.000 Македонци барале бугарски државјанства и тие се најбројни заедно со Украинците и Молдавците. 

„Главен извор на финансии за ВМРО била услугата од продажба на бугарско државјанство на Македонците преку две фирми, едната за превод, а другата е адвокатска фирма. ВМРО носи политичка одговорност, а Каракачанов лична и политичка одговорност“, вели независниот пратеник во бугарскиот парламент, Велизар Енчев, по апсењата во Државната агенција за Бугарите во странство.

Енчев бара бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО да си поднесе оставка.

Слично

Поврзани вести