За Борисов Гоце Делчев е голем бугарски револуционер и македонски војвода
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов попладнево го нарече Гоце Делчев голем бугарски револуционер и македонски војвода.
Тој попладнево на Фејсбук го пренесе својот став по повод 118 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев.
„Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!“, напиша Борисов.
Историчарите од двете земји на последната средба иако беше планирано, не зборувале за Делчев.
Делчев загина во селото Баница во Серско.
