Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД СЕ ПЛАНИРААТ И МЕСТА НА ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ: Но, тоа ќе значи запирање на целата здравствена програма, предупреди Филипче

ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД СЕ ПЛАНИРААТ И МЕСТА НА ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ: Но, тоа ќе значи запирање на целата здравствена програма, предупреди Филипче

Болничките капацитети забрзано се исполнуваат на одделенијата во здравствените установи а сите интерни одделенија и медицинскиот кадар се целосно мобилизирани, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во вестите на ТВ Сител. Вели дека здравствениот систем секојдневно се менаџира, со тоа што пациентите кои имаат полесна клиничка слика се пуштаат на домашно лекување, за да се обезбедат места за пациентите на кои им е потребна хоспитализација.

-Веќе се наполнија првите спратови во зградата на интерните клиники. Обезбедуваме кревети и кадар, но оди сé потешко. Сé повеќе се исцрпуваат капацитетите во смисла на лекари, медицински сестри, тимови, интернисти, пулмолози и анестезиолози, како и болнички кревети. Спремни се и дополнителни капацитети и во ГОБ „8 Септември“, но со оваа диманика навистина за кратко време може и тие дополнителни кревети, места коишто ги обезбедуваме да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хирушките клиники, но тоа може да значи, ако веројатно продолжи овој тренд, дека во еден момент ќе запре целокупниот нормален програм којшто сега сé уште функционира - системот за закажување Мој Термин, редовните операции да почнат да се откажуваат и сите доктори, сестри да бидат посветени на лекување на пациентите со ковид-19. Тоа ќе биде прв пат во историјата целиот систем да лекува само една патологија, со цел да се намали притисокот. Ова е криза насекаде, кај нас, во регионот, во цела Европа. Но, обезбедувањето на кревети, посебно на кадар оди сé потешко, рече министерот Филипче.

Тој истовремено посочи дека ваква е состојбата и во соседните земји и во Германија, каде целиот кадар се мобилизира и капацитетите се полнат брзо. Во однос на бројот на починати од Ковид-19, министерот Филипче изјави дека се следи состојбата во сите земји во регионот и дека тој е во секојдневна комуникација со колегите од Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Грција.

-Ги анализиравме починатите минатата недела. Кај нас имаше околу 160 починати, во Бугарија имаше близу 500, во БиХ околу 350. Исто така, во Словенија над 200 починати, во Хрватска близу 300. Едноставно, станува збор за болест којашто е многу непредвидлива, однесе многу животи, изјави Филипче.


Слично

Поврзани вести