Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Бејли одлуката на Иванов не е вистинска и се надева дека ќе ја преиспита

За Бејли одлуката на Иванов не е вистинска и се надева дека ќе ја преиспита

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли  побара претседателот, Ѓорѓе Иванов уште еднаш да ја преиспита својата одлука во врска со недоделувањето на мандатот за формирање на влада. 

Според него, првиот чекор кон решавање на кризата е демократизација на институциите. 

„Ние остануваме пријатели и партнери на Македонија. Сакаме да помогнеме во тој процес, но на крај, сите вие, граѓаните, лидерите, ги правите демократските институциите функционални. Во однос на одлукатана претседателот Иванов, не мислиме дека тоа е вистинската одлука, се надеваме дека ќе ја преиспита“- рече Бејли.

Бејли вели дека судбината на Македонија во свои раце ја имаат и треба да ја имаат самите граѓани. 

Слично

Поврзани вести