Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Али Ахмети споменикот на Скендербег е најголем проект на ДУИ

За Али Ахмети споменикот на Скендербег е најголем проект на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во дебатниот магазин КликПлус на ТВ21 го именува споменикот на Скендербег во центарот на Скопје како најголем проект на ДУИ, запрашан од публиката зошто повеќе ветувања на „интѕегративците“ не се досега реализирани.

- Ме прави горд бидејќи Албанците во Македонија денеска не се кираџии туку го имаат Скендербег во центарот на старо Скопје. Албанците не се кираџии туку имаат два универзитета, одговори Ахмети.

Претседателот на ДУИ за автопатот Блаце-Скопје вели дека е голем проект од околу 20 милиони евра но немаше одговор зошто не може да го види светлото на крајот од тунелот.

- Јас не сум градежник. Одете и прашајте ги градежниците зашто не го направиле навреме, рече Ахмети додавајќи дека сега проектот е во завршна фаза.


Слично

Поврзани вести