ЗА АЛБАНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ПАТУВААТ КОН МАКЕДОНИЈА: „Зелениот картон“ чини само 50 евра
За албанските граѓани кои патуваат кон Македонија, „зелениот картон“ чини само 50 евра.
Албанските власти го прифатија барањето на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и од денеска осигурителната полиса „зелен картон“ чини само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно.
„Ја изразуваме нашата благодарност до Агенцијата за финансиски надзор, која го зеде предвид барањето на нашата партија и одобри намалувањето на цената на осигурителната полиса „Зелен картон“ за патничките возила. Оваа одлука ќе донесе значителни финансиски олеснувања, особено за жителите на окрузите Корча и Пешкопеја, кои имаат тесни семејни, економски и културни врски со Македонија“, изјави за МИА, партискиот лидер Васил Стерјовски.
Порача дека МАЕИ ќе продолжи да поддржува иницијативи што го подобруваат животот на граѓаните и го олеснуваат слободното движење.
фото Фејсбук/Васил Стерјовски
