Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Ахмети споменикот во Слупчане е изграден законски

За Ахмети споменикот во Слупчане е изграден законски

За првиот човек на ДУИ, Али Ахмети спомен – кулата во липковското село  Слупчане е направена во согласност со законските одредби. 

Ахмети ги повика надлежните органи да ја проверат законитоста на споменикот.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски синоќа во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на екс премиерот Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила дека повеќе од 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

Споменикот е висок 20 метри, и беше пуштена во употреба на Курбан Бајрам. Во истото село има и Музеј на ОНА која е изграден пред повеќе години. 

Слично

Поврзани вести