Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Ахмети нема мир без Договорот од Преспа

За Ахмети нема мир без Договорот од Преспа

Нема мир без Договорот од Преспа, изјави денеска претседателот  на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на прославата за албанското знаме.

Тој вели дека посебен придонес во потпишувањето на Преспанскиот договор има и албанскиот политички фактор во Република Македонија. Додаде дека треба да се затворат многу процеси во Македонија како и договорот со Грција, кој не смее да биде само архивиран и заборавен.

Ахмети зборуваше и за опасностите од неуспехот на договорот од кој може да зависи и стабилноста на регионот.

„Има и такви кои работат да не успее овој договор, но немаат простор и не треба да се дозволи тој да пожолтува во архивите. Со неуспехот на договорот нема да има мировен процес, ниту интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така нема да успее многу важниот процес за зацвстување на мирот и стабилноста во јужна Европа и целиот Балкан“, вели Ахмети.

Собранискиот претседател,  Талат Џафери кажа дека историјата на Албанците е тажна исто како и на други народи затоа што не се обединети во една земја. Џафери потенцира дека сега Албанците имаат цел да бидат дел од Европа.

На свеченоста присуствуваа министри и пратеници од Македонија, Косово и Албанија, амбасадори и голем број гости. Настанот почна со интонирање на албанската химна. 

Слично

Поврзани вести