Економија, финансии, бизнис

Контакт

За аферата со пасошите покренато обвинение за 11 лица

За аферата со пасошите покренато обвинение за 11 лица

Веќе има обвинение против 11 лица за случајот „Двојник“. 

Од нив 10-мина се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување, а еден е обвинет за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело. Обвинетите, како службени лица, вработени на различни позиции во МВР, поттикнати од Раиф Мифтари, кој е во бегство, од средината на јуни 2017 до крајот на 2020 година, незаконски издавале пасоши. Тие употребиле идентитети на луѓе, државјани на Македонија, кои досега не побарале, и немале биометриски пасоши, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство, и кои немаат остварено влез во Македонија.  Криминалците потоа имале намера со нелегалните македонски пасоши да преминат државни граници.

Слично

Поврзани вести