Економија, финансии, бизнис

Контакт

За аболицијата не се одлучи на Уставен, ќе биде пресуден гласот на судијката Кацарска

За аболицијата не се одлучи на Уставен, ќе биде пресуден гласот на судијката Кацарска

Уставните судии не се договорија денеска да се одлучува по фамозниот член 11-а со кој требаше да се расчисти дали поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов смеел да ја повлече аболицијата, пренесе ТВ 24. 

Аргументите за или против во Уставен се изедначени, 4:4, па уставните судии ниту можеле да се договорат дали одлучувањето да се одложи за друга седница како што тоа го предложил Осман Кадриу, а не можеле ниту со такво расположение на силите да го изгласаат дневниот ред, воопшто.

Судијата Кадриу предложил да се одложи одлучувањето по фамозниот член 11-а бидејќи има клучни разлики меѓу предлозите на судијата Дарко Костадиновски кој сега е известител за оваа иницијатива и предлогот на судијата Владимир Стојановски на кого минатата година му беше доделен овој предмет. Но неговиот мандат заврши.

Судијата Кадриу аргументирал дека предлогот на Стојановски тогаш бил да се поништи или укине спорниот член 11-а, а сега предлогот на Костадиновски е да се запре постапката по ова одлучување. Според него, ова се дијаметрално спротивни предлози и затоа по оваа точка не треба веднаш да се одлучува, туку треба одново да се расправа.

Слично

Поврзани вести