Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 50 проценти е зголемен бројот на хоспитализации, не очекува нов двонеделен полициски час

За 50 проценти е зголемен бројот на хоспитализации, не очекува нов двонеделен полициски час

Се очекува денеска Владата да го прифати предлогот за воведување на построга рестриктивна мерка, полицики час кој вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче, и за кој кажа дека ќе почне од утре, среда, а ќе трае во наредните две недели. Забраната за движење ќе важи од 22 до 05 часот изутрина. Министерот Филипче образложи дека заострувањето на мерките следува по сеопфатна анализа на епидемиолошката слика во земјава од страна на Комисијата за заразни болести која смета дека во моментов полицискиот час во времетраење од дев недели, колку што трае еден епидемиолошки циклус, е неопходен за да не се преоптоварат болничките капацитети. Истовремено потенцираше дека во моментов притисокот врз болниците не е толку силен каков што беше во текот на есенскиот бран на корона вирусот, но сепак мерката се предлага бидејќи во изминатите десет дена бројот на заболени евидентно се зголемува.

-Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив н пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники, посочи Филипче.

Од вчера во функција е и модуларната болница во Куманово каде што беа примени неколку пациенти на кои им е потребно болничко лекување. Директорката на Општата болница во Куманово, д-р. Снежана Захариева, во разговор за Фактор посочи дека во модуларната болница има 33 кревети, а медицинскиот персонал го сочинуваат општи лекари, интернисти, невролози и медицински сестри.

-И во случај на поголем наплив на пациенти во општата болница во Куманово има се уште слободни кревети и на инфективното одделение, како и на одделенијата за неврологија и психијатрија, а еве сега во функција ја ставаме и модуларната болница. Во однос на претходните недели дури за 50 отсто е зголемен бројот на случаите на кои им е потребна хоспитализација. Клиничката слика на пациентите е различна, имаме пациенти и со средна, па и со потешка форма на болеста, но сепак иако многу поретко сега, отколку порано, најтешките случаи ги препраќаме во Скопје, бидејќи ним им е потребно лекување на терцијарно ниво. Тоа што би сакала да истакнам е дека сега по една година од почетокот на епидемијата многу поуспешно се справуваме и со потешките случаи. Иако вирусот е многу непредвидлив и се уште една непознатица, искуството говори дека по една година и во кумановската болница лекарите се далеку поспремни за сите пациенти, вели д-р. Захариева за Фактор.

Според епидемиолозите пак, многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд на зголемување на бројот на новозаразени. Сепак, дел од нив сметаат дека воведувањето на полицискиот час би дал добри резултати, пред се за да се стопираат групирањата кои се случуваат по затворањето на кафулињата и останатите угостителски објекти. И самите граѓани посочуваат дека огромен број, повеќето млади лица се собираат во парковите, во станови каде се прават журки и забави, и така натаму, и тоа без никакво почитување на мерките.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести