За 50 отсто помала излезност до 11.00 часот во споредба со парламентарните избори, голем пад во Центар, Битола, Велес и Куманово
Одзивот на гласачи до 11.00 часот е помал за 50 отсто на локалните избори во однос на парламентарните кои се одржаа минатата година.
До 11.00 часот денеска излезноста била 10,36 отсто, додека до истиот период во 2020 одзивот на гласачи бил 15,52 проценти од вкупното гласачко тело.
Како главна причина се наведува употребата на биометриската проверка на овие избори, коија прави застој во гласањето.
Во Центар ако во 2020 гласале до 11.00 часот 21,42 отсто, сега тој процент е 9,53. Во Ѓорче Петров разликата е 20,00 во 2020, наспроти 11,03. Односот во Карпош ие 20,86 - 10,16. Бројките во Аеродром и Кисела Вода се слични како оние што се на ниво на целата земја.
Во Битола падот е од 22,2 на 12,53 проценти, во Велес од 19,7 на 13,83, а во Куманово од 14,12 на само 5,43 отсто.
