Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски за вандализирањето на КУД„Српски вез“: Барам од органите да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата

Димитриевски за вандализирањето на КУД„Српски вез“:  Барам од органите да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во градот.

Тој побара од надлежните истражни органи брзо да реагираат, да го утврдат идентитетот на сторителите и соодветно да ги санкционираат. Димитриевски вели дека Куманово останува град препознатлив по својата мултикултура и соживот.

„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово! Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“, изјави Димитриевски.


Градоначалникот потенцираше дека ваквите чинови го нарушуваат мирот и немаат ништо заедничко со љубовта кон сопствената земја.

„Куманово од секогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане, ваквите дејствија не се патриотизам туку чист шовинизам кој подгрева национална нетрпеливост против која се сите граѓани на Куманово“, вели Димитриевски.

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, објави видео на социјалните мрежи со тврдење дека културно -уметничкото друштво „Српски вез“ било осквернавено со натписи УЧК.

фото Фејсбук/Максим Димитриевски

Слично

Поврзани вести