Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти

За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 256 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство. 

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примени 6 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на коронавирусот.  Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопштуваат од Министерството за здравство. 

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

foto freepik

Слично

Поврзани вести