Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 24 часа во Дебар наврнаа 20 литри дожд на метар квадратен

За 24 часа во Дебар наврнаа 20 литри дожд на метар квадратен

Обилни врнежи од дожд имаше во дебарско. Во последното деноноќие повеќе дожд падна во западните делови на земјава. 

Најмногу дожд наврна во Дебар, а најстудено беше на Шапка, соопштуваат од УХМР. 

За 24 часа 20 литри на метар квадратен наврнаа во Дебар, а најмалку, два сантиметри, во Демир Капија. Водниот талог е 17 сантиметри во Пожаране, 16 во Маврово, 15 во Тетово, 12 во Крушево, 9 во Охрид, 8 во Прилеп, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Струмица, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 4 во Претор, Битола и Куманово, како и 3 литри во Штип, Дојран и Ѓуриште. Најмногу снег има на Попова Шапка, 34 сантиметри. Снежната покривка во Лазарополе е 17 сантиметри, додека во Маврови Анови 12. Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, -3, нула степени е во Пожаране и Ѓуриште, еден во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Крушево, два во Скопје-З.Рид, Крива Паланка, Тетово и  Берово, три во Струмица и Куманово, 4 во Штип и Охрид, 5 во Прилеп, Претор, Дебар и Дојран, како и 6 во Битола и Демир Капија. Викендов во земјава ќе имаме дожд и снег. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести