Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 24 часа регистрирани се 368 оздравени од коронавирусот

За 24 часа регистрирани се 368 оздравени од коронавирусот

За 24 часа во земјава се регистрирани 368 оздравени од коронавирусот. 

Најголем дел од нив се од главниот град. По градови, во Скопје  има 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.

Сепак, бројот на заболени расте. Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на ковид-19, а починаа 7 луѓе. 

Истражување направено во градот Манаус, во државата Сао Паоло во Бразил, покажало дека најмалку шест од 10 луѓе кои прележале корона вирус се ранливи на бразилската мутација. Дури 60 проценти од пациентите кои го прележале коронавирус се ранливи на бразилската мутација. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести