Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 24 часа има скоро 1.000 оздравени од коронавирусот

За 24 часа има скоро 1.000 оздравени од коронавирусот

За 24 часа во земјава има скоро 1.000 оздравени од коронавирусот. 

Најголем дел од нив се од главниот град, каде секој ден има и најголем број на нови заболени. 

Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19,  Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19, Неготино-17.

За 24 часа 15 луѓе починаа, а од нив шест се од Прилеп. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56.164, бројката на оздравени пациенти е 33.892, на починати е 1.561, а бројот на активни случаи изнесува 20.711.

Слично

Поврзани вести