Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА 22.6 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ: Бројот на турски гости опадна

ЗА 22.6 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ: Бројот на турски гости опадна

Бројот на туристите во декември 2017 година изнесува 51 599, а  бројот на ноќевањата изнесува 103 721. 

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

 6 873 туристи имало од Бугарија, 4 217 од Грција, 3 071 од Србија и  2 689 од Турција. 

Евидентно е дека бројот на турски туристи во однос на претходниот период е намален. 

Во ноември во земјава имало 4 326 турски туристи, а во октомври 10.810. 

Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22.6%, а бројот на  ноќевањата е зголемен за 28.0%.  Бројот на домашните туристи во декември лани, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19.0%, а бројот  на странските туристи е зголемен за 24.7%. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е пораснал за 29.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27.0%. 

Во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е  зголемен за 16.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3%, а кај странските има зголемување за 23.5%. 

Во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 22.8%.

Слично

Поврзани вести