Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА 18% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ: Турците ја „освојуваат“ Македонија

ЗА 18% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ: Турците ја „освојуваат“ Македонија

Во јуни 2017 година Македонија ја посетиле 84 778 туристи,  а бројот на ноќевањата изнесува 197 016. 

Бројот на туристите во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 18.1%, а бројот на  ноќевањата пораснал за 14.6%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу туристи имало од Турција, 10.818. Истиот месец имало над 5000 Срби и над 3000 Бугари во посета на земјава. Бројот на грчки туристи е помал од 3000, а Македонија ја посетиле и над 2000 Романци и Полјаци. 

Бројот на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 4.1%, а бројот на  странските туристи е зголемен за 24.0%. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за  8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.2%. 

Во периодот јануари - јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11.4%, а кај странските има зголемување  за 13.1%. 

Во периодот јануари - јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.7%, а кај странските има зголемување за 14.3%.

Слично

Поврзани вести