За 15 години овие професии нема да постојат…
Новинарката Ами Веб вели дека во 2030 година многу професии нема да постојат.
Таа раскажува дека неодамна била во Лос Анџелес и Њу Јорк и во 29 ситуации комуницирала со луѓе.
Била во банка, потоа на аеродром, па во компанија за осигурување, потоа заминала во хотел. На сите овие места се сретнала со персонал, но вели дека сите овие професии ќе ги нема за 15 години и овие функции ќе ги обавуваат роботи.
Таа смета дека индустриската револуција ќе влијае не само на производите, туку и на услугите.
Смета дека роботите ќе чинат поевтино од персонал, а и банкарскиот систем ќе се смени и нема да има потреба од готовина.
Прогнозите се дека многу професии ќе исчезнат, но тоа ќе биде можност за луѓето кои се иновативни и знаат што пазарот бара.
Веб вели дека иако овој тренд ќе има негативни последици и многу луѓе ќе останат без работа, сепак долгорочно ќе има и позитивни ефекти.
Сепак, луѓето во иднина нема да мораат да работат физичка работа, туку ќе се фокусираат на нови идеји.
