Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

Докторот Нико Беќаровски вели дека хуманоидните роботи во медицината за неколку години ќе дојдат и во нашите болници.
„Кога повторно ќе Ви се појават овие слики на ФБ во 2030 година, ќе прашувате во која наша болница се сликани.

Колку денес и да Ви изгледа сето оваа далечна иднина, за петнаесетина години некое слично роботче ќе доаѓа во Вашиот стан, за 2-5 минути комплетно ќе Ве скенира и ќе постави дијагноза.

Ако треба оперативна интервенција со уште "две-три свои другарчиња" истата ќе ја изведе со ласер и со "minimal invasive damages" многу често во Вашиот домашен кревет.

Во милионите алгоритми со кои ќе располага вештачката интелигенција вградена во овие хуманоидни роботи, единствени две области кои веројатно ќе останат неразбирливи за нашите "мали артефицијални пријателчиња" се ЕМОЦИИТЕ и НИВНОТО влијание врз појавата на болестите и обидите за убиство и самоубиство.

Можеби овие "мали чудовишта" сепак ќе успеат да ја квантифицираат и да "лечат" дури и од љубовта, омразата, гневот, љубомората,зависноста итн,“, напиша тој на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести