Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 10 години, општина Аеродром потрошила 720 000 евра за кирија

За 10 години, општина Аеродром потрошила 720 000 евра за кирија

Општина Аеродром за една деценија само за кирија на општинската зграда потрошила 720 000 евра, обелодени ревизорскиот извештај на општината, пренесе 24 Вести.

Според наодите од основањето на општинската зграда во 2005 година која била сместена во објект на улицата Венјамин Манџуковски за кирија месечно се давале 6 000 евра. За намалување на овие давачки градоначалникот Коневски лани општинската администрација ја пресели на нова зграда но наместо намалување сега за месечна кирија плаќа 2 000 евра повеќе односно 8 000 евра. Според извештајот Коневски однапред ги платил кириите за една година од 1 април лани до годинава во износ од 96 000 евра, тоа според ревизорот и Законот за јавни набавки е спорно бидејќи авансното плаќање не може да биде поголемо од 20 проценти.

Слично

Поврзани вести