Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 1 мај променливо време

За 1 мај променливо време

За 1 мај, односно за Денот на трудот, празникот кој следува в петок, ќе следува променливо време, според најавите на УХМР. До среда попладне ќе биде сончево и топло, а потоа до крајот на неделата ќе биде нестабилно.

Променливото време со сончеви периоди претпладне и локален дожд, грмежи и засилен ветер попладне треба да сезадржи до сабота. Ваквиот феномен ќе започне од среда со локален дожд кој наместа ќе биде пороен со грмежи и засилен ветер во попладневните часови. 

Максималните температури ќе останат високи односно ќе се движат од 19 до 25 степени, а минималните од 5 до 13 степени. 

Денеска се очекува одлука дали претстојните три празнични дена ќе ги минеме во карантин. Иако, се уште нема официјална потврда, здравствените власти размислуваат карантинскиот празничен викенд да започне од четврток од 19.00 часот и да трае до понеделник до 05.00 часот изутрина, со цел да се избегнат социјалните контакти и гужвите.



Слично

Поврзани вести