Економија, финансии, бизнис

Контакт

Willkommen - Канцеларката Меркел во прва посета на Македонија!?

Willkommen - Канцеларката Меркел во прва посета на Македонија!?

Германската канцеларка Ангела Меркел според информации кои ги лиферуваа анонимни извори, постои добра шанса да ја посети Македонија што ќе биде од исклучително значење за домашната политика и македонската дипломатија.

Меркел би гостувала во рамките на првиот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, на кој домаќин е токму Македонија во април по иницијатива на Министерството за администрација и информатичко општество, 

Од Кабинетот на Меркел пристигнала потврда дека ќе присуствува нивни претставник, но не е потврдено точно кој.

Меркел во Скопје би дошла за да даде свој придонес во поддршка на процесот за решавање на спорот за името со Грција како и официјална иницијатива за почеток на преговорите за членството во ЕУ без никакви нови или дополнителни услови за Македонија, но засега ништо од ова не е целосно потврдено од германска страна.

Слично

Поврзани вести