Вулин со реакција за изјавата на Пендаровски
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин со реакција за изјавата на
претседателот на РСМ, Стево Пендаровски дека идејата за корекција на границите
помеѓу Белград и Приштина е незамислива и грозна.
„Ако идејата за разграничување е „грозна и недостојна за 21 век“, тогаш
Пендаровски би можел да го повлече признавањето на Косово од почетокот на 21
век или да ја осуди НАТО агресијата која доведе до етничко чистење на Србите од
Косово и Метохија“, изјавил Вулин, пренесуваат медиумите од
регионот.
Вулин рече дека Пендаровски ѝ должи на Србија почитување, а на сопствениот народ изјава за тоа што мисли за идејата на Тачи и за обединување на Албанците во „голема Албанија“.
Слично
