Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вуковиќ бара уште еден авион за гасење пожар

Вуковиќ бара уште еден авион за гасење пожар

Раководителот на оперативно-логистичкиот сектор при Дирекцијата за заштита и спасување, Слободан Вуковиќ, во изјава за ТВ21 изјави дека на Македонија и е потребен уште еден авион за гасење пожари.

- Располагаме со три авиони тип Р-трактор со соодветна логистика на аеродромот Петровец. Тие се подготвени уште пред сезоната на пожари - веи Вуковиќ.

На државно ниво, овој центар има 250 вработени. Најслаба алка на системот за заштита и спасување, според Вуковиќ, се локалните единици, чија организација има бројни недостатоци.

Во случаи на пожар, често се вели дека причинител е човечкиот фактор. Освен ниската совест и неказнувањето, според Вуковиќ, пожарите се предизвикуваат и за економски цели. Тоа се случува бидејќи во опожарените места многу брзо никнуваат печурки, а друга причина е тоа што во опожарените места е дозволена сеча на дрвјата.


Слично

Поврзани вести