Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: ДУИ не ја поддржува Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Бујар Османи: ДУИ не ја поддржува Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за изгласување на Резолуција во Собранието која ќе ги штити националните интереси во спорот со Бугарија служи за политички поени, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи и додава дека ДУИ истата нема да ја поддржи.
- Демократската унија за интеграција ја гледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуција за Бугарија како обид да се добијат политички поени во пресрет на локалните избори, вели Османи во изјава за Алсат ТВ.
Минситерот додава дека е несериозно државните интереси да се ставаат во функција на избори.
-Тоа им штети на интересите на државата и сите граѓани , рече меѓу другото Османи.


Слично

Поврзани вести