Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ жали што Македонија не ги почна преговорите со ЕУ

Вучиќ жали што Македонија не ги почна преговорите со ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не се радуваат на отворање на кластерот и посакуваат напредок и за Македонија. 

На отворената седница на српската Влада, на која присуствуваше претседателот Вучиќ, тој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал дека ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ние сме единствената земја од Западен Балкан на која нешто и е отворено на меѓувладината конференција во Брисел. На тоа ние не се радуваме, затоа што би го сакале тоа и за другите, особено за нашите пријатели од Северна Македонија, но од билатерални причини тоа не го направија“, изјави Вучиќ.

Вучиќ оцени дека е забележливо дека Загреб и Приштина на најистакнат начин, но и делови од политичко Сараево изразуваат незадоволство и ја следат брзината на напредокот на Србија, зајакнувањето на нејзината финансиска моќ, но и зајакнувањето на армијата, со желба тоа да не оди со таа брзина.

Македонија додека не го реши спорот со Бугарија, и додека не се тргне ветото, не може да ги почне преговорите со ЕУ. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести