Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ за францускиот предлог: Не отфрлајте однапред, пред да размислите добро

Вучиќ за францускиот предлог: Не отфрлајте однапред, пред да размислите добро

Не отфрлајте однапред, пред да размислите добро за националните интереси, вели српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервјуто за телевизија Сител. 

Тој истакна дека европскиот предлог не треба да се отфрлува пред да се размисли добро.

„Јас нормално не можам да ви кажам дали предлогот е добар или не, тоа нека го одлучат луѓето во Македонија. Јас можам само една работа да кажам, кога го прифаќавме Бриселскиот договор 2013 година, тоа беше многу тежок договор за нас со многу ставки за кои луѓето во Србија не сакаа ни да слушнат ни да ги прифатат. Македонските граѓани, пак ќе кажам тие подобро знаат од мене дали е нешто добро или не за националните интереси на нивната земја. Само ги молам луѓето да размислат, да размислат да не прифаќаат или да не отфрлаат нешто априори“, истакна Вучиќ.

Францускиот предлог предизвика тензии во Македонија. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести