Вучиќ: Во декември просечната плата ќе биде 1.000 евра
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека во декември просечната плата ќе биде 1.000 евра.
Тој најави повисоки плати за српските работници.
„Во декември, просечната плата ќе биде 1.000 евра за прв пат во историјата, во март ќе биде 1.020 - 1.030. Денес ја имавме првата исплата од Фондот за алиментација, само да додадам. Но, имам и одлични вести за сите пензионери. Најавив дека пензиите ќе се зголемат за 7-8 проценти, тоа би било големо зголемување во споредба со инфлацијата и нивниот стандард би скокнал. Но, сега имам добри вести дека пензиите ќе се зголемат можеби дури и за 122 проценти, што е за 50 проценти повеќе“, рече претседателот на Србија.
Просечната нето плата во Србија во јуни надмина 920 евра.
фото принтскрин
