Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ се нуди да помогне на Македонија со струја и храна ако е потребно

Вучиќ се нуди да помогне на Македонија со струја и храна ако е потребно

Подготвени сме да помогнеме на Македонија со струја и храна ако е потребно, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ во емисија на „Пинк ТВ“ најави дека доколку е потребно, Србија е подготвена повторно да помогне.  Оваа помош српскиот претседател ја најави во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Тој додаде дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

„Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнеме на Македонија со струја и со храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас“, кажа Вучиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања вчера во Собранието рече дека земјата ќе се соочи со предизвик да набави мазут за производство на електрична енергија за време на следната зима.

Премиерот додаде дека е можно за време на зимата да ја нема електричната енергија во доволни количини.

foto Facebook.com

Слично

Поврзани вести