Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Постигнавме некаков договор, денеска немам потпишано ништо

Вучиќ: Постигнавме некаков договор, денеска немам потпишано ништо

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека во Охрид е постигнат договор.

Вучиќ рече дека Европскиот совет на патот, кој е долг, ќе процени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле.

„За нас приоритетна обврска е обврската да се формира Заедницата на српски општини (ЗСО) согласно претходните обврски од дијалогот“, вели тој.

Кажа дека има свои црвени линии и ги кажал. 

Вучиќ додаде дека и денеска не потпишал ништо. Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот.

Слично

Поврзани вести