Вучиќ побара Македонците да можат да примат вакцина во Србија по сопствен избор, вели - имаме доволно вакцини за цел регион
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Владата да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Северна Македонија во Србија.
Вучиќ побара граѓаните од Северна Македонија да примаат вакцини по сопствен избор, исто како и граѓаните на БиХ, пишува Танјуг.
Граѓаните на БиХ можат да вакцинираат бесплатно во Србија, како што најави Вучиќ, додавајќи дека ќе можат да добијат сертификат за вакцинација истовремено со граѓаните на Србија.
„Тие можат да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат сертификат за тоа, исто како и граѓаните на Србија“, рече претходно Вучиќ, нагласувајќи дека Србија има доволно вакцини и дека земјата успеа да вакцинира околу 630.000-640.000 нови граѓани во последните дваесет денови.
Претседателот на Србија рече дека Србија има доволно вакцини за целиот регион и ги повика граѓаните на БиХ да се вакцинираат.
Повеќе од 30 проценти од српските граѓани се вакцинирани.
