Вучиќ објави фотографија на која со Ковачевски седат на скали
Maкедонскиот премиер Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се во Прага на првата средба на Европската политичка заедница.
Вучиќ на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со македонскиот премиер на која двајцата седат на скали. Тој вели дека со македонскиот премиер чекаат како во студентските денови.
Ковачевски присуствува на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, со лидери на уште 44 земји.
Слично
