Вучиќ кажа дека од Македонците бараат само пријателство, не бараат територија, ниту јазик
Не ни треба територија, ниту да кажеме дека македонскиот јазик е наш, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Рече дека бараат само братство и пријателство.
„Нам ни е важно само да имаме најблиски и најдобри можни односи. Она што го правиме овде ќе направи големи работи за нашата земја, ако не успееме, барем ќе остане дека некој се обидел – за во следните година или две да можеме да поминеме низ нашите три земји, суверени и независни, да поминуваме без граници и да си помагаме едни на други во секое време“, изјави Вучиќ.
Објасни дека камионите од Скопје до Белград или Тирана ќе можат да минуваат без запирање, додека другите ќе треба малку да застанат, некое време.
Тој рече дека додека разговарал со граѓаните во Скопје, додека шетал, видел дека луѓето во Македонија денес ја почитуваат Србија повеќе отколку порано.
Против „Отворен Балкан“ е Косово. Тие сметаат дека ова е иницијатива без визија за регионот.
