Вучиќ кажа дека на земја од регионот и дале струја, но не кажа на која
Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека на една земја во опкружувањето и дале струја. Тој вели дека струја нема, а граѓаните ќе мора да имаат струја, односно ќе плаќаат доста поскапо.
„Вчера на една земја од регионот и дадовме мала количина на електрична енергија, имавме повеќе струја, добра хидрологија, добра акомулација, во изминатиот период имавме доволно струја и продадовме, не е важна одредената количина на електрична енергија. Ја продадовме по цена од 499 евра по мегават, а нас по мегават на час не чинело 52 евра, што значи десеткратно поскапо ја продадовме“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ понатаму вели дека Македонија, Црна Гора, Албанија на дневно ниво купуваат по 350, 380, 400 евра за мегават час, односно како што вели 50-60 отсто од потребите.
Македонските граѓани се во исчекување на информација за тоа колку ќе поскапи струјата во новата година.
Власта договара набавка на јаглен од Косово.
фото Танјуг
