Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

Претседателот на Србуија Александар Вучиќ ги посети повредените македонски пациенти згрижени во белградските болници, а на инстаграм објави и фотографија.

„Србија е со вас. Секогаш за нашите сестри и браќа од Северна Македонија. Ги посетив повредените во пожарот во Северна Македонија“, напиша српскиот претседател.

Имаше и коментари од српските граѓани. 

„Само децата да бидат добро“, напиша таа на објавата на Вучиќ. 

На еден од пациентите тој му рече. 

„Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите“, му рече тој на младиот пациент, на што тој се заблагодари и рече дека тие се одлични лекари.

Вучиќ рече дека степенот на изгореници се движи од 4 до повисоко ниво. Но, рече дека во нивните болници се најдобрите услови во Европа. 

„Најголем проблем за неколку пациенти се проблемите на белите дробови. Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број во Србија ќе биде 29“, рече Вучиќ. 

Фото: Инстаграм профил Вучиќ

Слично

Поврзани вести